(Видео) Претседателот на младината на Левица: Очекувам зајакнување на односите на младите од Македонија и Кина
Раководителот на Црвена Младина, Марио Јанески во интервју за China Daily истакна дека очекува зајакнување на односите меѓу младите од Република Македонија и Кина.
– „За мене е огромна чест што ја претставувам македонската младина овде денес. Можеме да работиме заедно со цел да промовираме заеднички вредности и единство во нашата различност на нашите различни култури.
Мислам дека секоја младина од целиот свет треба да има право да сонува. Мора да работиме заедно, да разговараме, да се почитуваме. Очекувам дека можеме да ги зајакнеме нашите односи во иднина. Почести размени во иднина и очекуваме и кинеската младина еден ден да дојде во Македонија и да ги запознаеме нашите култури и да споделиме искуства. Имам големи очекувања и сум оптимист за тоа.” – напиша Јанески на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Кина и Велика Британија треба да ги…
Кина и Велика Британија треба „да ги…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…