Косовската полиција изврши претрес на пет локации на северот на Косово во врска со инцидентот во Бањска

t

Косовската полиција рано утринава изврши претрес на пет локации на северот од земјата во врска со инцидентот во селото Бањска. Во соопштение полицијата ја потврди акцијата и им порачаа на граѓаните дека нема потреба да бидат загрижени. Кратка изјава за косовските медими даде и заменик командирот за регионот Север Ветон Елшани, кој освен што ја потврди информацијата, не соопшти никакви детали.

Според првичните информации претрес бил извршен во Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица, каде биле пребарувани помошните простории, односно пералната и котларницата на болницата. Претрес бил извршен и во еден ресторан, како и зградата каде што тој се наоѓа, од каде што биле запленети неколку возила, од кои две со белградски регистарски таблички и еден квад мотор. Претресена е и една вила на езерото Газивода, за која се верува дека е на потпретседателот на Српска лиса Милан Радоичиќ, а претресен бил и дом на лице кое исто така се поврзува со Радоичиќ.

Косовските власти го сметаат Радоичиќ за водач на група која во неделата се судри со косовската полиција во селото Бањска. Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла пред неколку дена на својот Фејсбук профил објави и видео од манастирот Бањска каде по првичната размена на оган вооружените лица се повлекле, тврдејќи дека на снимката се гледа и Радоичиќ.

И пет денови по инцидентот во Бањска, во кој загина еден косовски полицаец и тројца припадници на вооружената група, многу клучни детали сѐ уште се непознати а најголем дел од прашањата остануваат отворени. Најголем дел од информациите доаѓаат од косовската страна, додека што до сега од српската страна беше соопштено дојде директно од претседателот Александар Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоќа засилено прскање против комарци во три…

Засилени акции за прскање против комарци синоќа…

Врховниот суд на САД привремено гo одобри…

Американскиот претседател  Доналд Трамп  доби привремена правна поддршка…

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…