Арсовска: Визијата за Скопје 2028 ќе овозможи градот да прерасне во неколкугодишна културна сцена
Визијата за Скопје 2028 ќе овозможи градот да прерасне во неколкугодишна културна сцена преку која граѓаните ќе се вклучат, да го слават и споделат своето културно наследство, да ги споделат своите креативни идеи и да ги понудат своите иновативните решенија кои ќе дадат уникатен печат и лик на Скопје како Европска престолнина културата.
Градот Скопје за да ја оствари таа визија наскоро ќе објави меѓународен јавен повик за учество на сите креативци коишто ќе имаат можност да ги понудат своите проекти од областа на културата, уметноста, литературата, мултимедијалните уметности и да ја збогатат културната понуда на Скопје 2028.
Програмата за Скопје 2028 се состои од четири носечки столба од кои во првиот се нудат вистински приказни кои носат придобивки за мнозинството и ќе дадат можност да се реализираат проекти кои нудат надеж и позитивни наративи.
Вториот е столбот на солидарноста, зашто Градот Скопје е познат како град на светската солидарност. Преку проекти, дискусиите и работилниците ќе се фокусираме на солидарноста, меѓусебното поврзување, почитување и заедништвото што е карактеристика на Скопје.
Третиот столб е за еко свесни и одржливи проекти, додека во четвртиот доминира креативноста на уметниците за максимална промоција на нивните дела.
Локалните проекти во програмата беа избрани преку неколку јавни повици, а дел од интернационалните проекти произлегоа од меѓународните соработки што Градот Скопје и партнерите ги имаат преку големиот број институции, организации и универзитети од Европа, како и преку мрежите Креативна Европа, Еразмус, Медиа и други.
Значајно е да се нагласи дека програмата „Културата над поделбите“ е приказ на богатото културно наследство на Скопје и ќе ги промовира минатото, сегашноста и иднината на нашиот град. Таа ги слави музиката, уметноста, танцот, литературата, односно секој сегмент на единството, затоа што културата секојдневно сите не поврзува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…