Османи: Србија мора да одговара!

t

Претседателката на Косово Вјоса Османи се сретна со амбасадорите на Квинта – Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Европската Унија, со цел да разговараат за актуелната состојба на северот на Косово, јавува Клан Косова.
Како што се наведува во соопштението на Претседателството, Османи на средбата им се заблагодарил на солидарноста на амбасадорите и изразил сочувство за убиството на косовски полицаец.

Османи ја истакна важноста од блиска соработка со земјите сојузници и координација на безбедносните институции, со цел да се спречи повторување на вакви дела.

„Косово е решено да продолжи да промовира мир и стабилност во регионот, како и да работи со локалната српска заедница за да ги доближи и да ги интегрира во општеството и институциите на Косово“, нагласи Османи.

Таа најави дека институциите на Косово се посветени на управување со актуелната ситуација и помагање за постигнување и одржување на мирот и стабилноста.

„Србија треба да одговори за своите постапки против Косово, јасно ставајќи до знаење дека треба да престане да финансира, поддржува и турка криминални групи за терористички акции. Немањето такви мерки Србија може да го злоупотреби и затоа може да имаме повторување на терористичките акции“, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…