Објавено на:

Роберт Кенеди Јуниор ги откачи демократите и ќе се кандидира како независен кандидат за претседател

t

Роберт Кенеди Јуниор ќе се одвои од Демократската партија во САД и ќе се кандидира како независен кандидат за претседател во САД, изјави неговит менаџер на кампањата. Денес се очекува и самиот Кенеди да го обзнани ова.

Претходно потенцијалниот кандидат од Демократската партија за претседател на САД остро ја критикуваше партијата дека пробува да ги намести изборите за Бајден со менување на правилата и со давање огромна тежина на неколкуте супер делегати кои се сите за Бајден, додека неговите противкандидати не би можеле да ја премостат разликата од супер делегатите ниту со добивање на над 80% делегати.

Роберт Кенеди ги обвини демократите дека го нарушуваат демократскиот избор внатре во партијата. На Викиликс пред 7 години исто така излегоа докази од мејловите на Демократскиот национален комитет дека партијата го местела изборот во полза на Хилари Клинтон, а против тогашниот можен кандидат Берни Сандерс. На крајот Хилари беше избрана како кандидат на демократите поради супер делегатите и со далеку помалку гласови од делегатите од Берни Сандерс, за потоа Хилари Клинтон да изгуби од Доналд Трамп на самите избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателска иницијатива: Кина и САД првпат ќе…

Американските и кинеските претставници во вторник ќе…

Американската амбасада на листата даночни должници во…

Според податоците на Даночната управа на Црна…

Кина и САД ја задржаа цената на…

Цените на нафтата се искачија над 84…

Бајден: Ќе ја прекинеме испораката на оружје…

Американскиот претседател Џозеф Бајден во средата за…

Американската амбасадорка привремено ја напушти Русија!

Амбасадорката на САД во Русија Лин Трејси…