Амбасадорот на САД на Косово: Зад вооружениот напад во Бањска стојат една или повеќе структури
Амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховениер денеска изјави дека една или повеќе структури стојат зад вооружениот напад врз косовската полиција минатата недела на северот на земјата, кога беше убиен полицаец.
На прашањето на Би-Би-Си дали Србија стои зад нападот, Ховение рече дека количината и квалитетот на оружјето пронајдено во Бањска покажуваат дека „напаѓачите на етничките Срби не го обезбедиле самите“, јавија косовски медиуми, пренесе Бета.
„Сега, знаеме и дека лице кое беше потпретседател на една од српските партии на Косово, за кое се знае дека учествувало на настани со високи српски функционери, преку својот адвокат објавил дека тој е организатор на овој настан“, изјави Ховениер.
Сега поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ вчера ја презеде одговорноста за нападите врз косовската полиција во звечанското село Бањска на 24 септември и поднесе оставка од функцијата во партијата.
„Се уште работиме да откриеме кој точно е одговорен. Но, сега знаеме повеќе за тоа и сме загрижени за тоа што се случило“, додаде Ховениер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…