Како ќе реагира Русија?! За една и пол година во Украина ќе се произведува турскиот “Бајрактар”!
Турското беспилотно летало „Бајрактар“ ќе се произведува во Украина во рамки на проект во кој ќе бидат инвестирани околу 100 милиони долари, јавија украинскките медиуми.
Компанијата инвеститор „Бајкар“ ќе ја заврши изградбата на првата фабрика во Украина за околу 1,5 година, изјави директорот на компанијата Халук Бајрактар на Форумот за одбранбена индустрија во Киев.
„Изградбата веќе започна. Ќе бидат потребни околу 1,5 година за да се заврши. Планираме да вработиме најмалку 300 луѓе овде. Соработката продолжува“, изјави тој.
Сега компанијата истовремено спроведува 3 проекти во Украина: покрај изградбата на фабрика за борбени беспилотни летала, инвестирашаа во создавање сервисен центар и централна канцеларија, рече Халук Бајрактар.
Според шефот на „Бајкар“, изградбата на фабрика за борбени дронови „Бајрактар“ е една од главните инвестиции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…