Поранешниот МНР на Косово: Ако сака да остане кредибилна, ЕУ да ѝ воведе санкции на Србија!
Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај изјави дека доколку ЕУ сака да остане кредибилна, веднаш треба да воведе санкции кон Србија.
Хоџај на социјалната мрежа „Х“ изјави дека по последните настани на северот на Косово „Србија собра воени сили во близина на границата со Косово“.
„По последните настани на северот, агресијата врз Косово и убиството на косовски полицаец од терористи поврзани со Србија, Србија собра воени сили во близина на нашата граница. Ако ЕУ сака да остане кредибилна, веднаш треба да воведе санкции кон Србија“, рече Хоџај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…