“Нема сомнеж дека Србија стои зад терористичките напади во Косово”

t

За претседателката на Косово, Вјоса Османи, нема дилема дека Србија стои зад терористичкиот напад на косовската полиција во Бањска во Звечан.

Ова Османи го повтори во интервју за британската телевизија „Канал 4“.

За да ја докаже поврзаноста на Белград во терористичкиот напад, Османи нагласи дека тоа може да се докаже преку докази кои ја поврзуваат терористичката група со владата на Србија, во случајов Милан Радојичиќ.

„Очигледно не сугерираме, знаеме поради сите докази што ја поврзуваат оваа терористичка група со Србија, вклучувајќи го на пример фактот дека тие биле обучувани неколку месеци од српската армија“, рече таа.

Второ, продолжи Османи, „оружјето што го користеа е произведено во српската воена индустрија“, бидејќи додаде дека „не може да се продава на поединци кои не се дел од државата“.

„Некои од нив се произведени во последните шест недели. Значи не е само куп граѓани кои одат и добиваат оружје од воена фабрика. Тие припаѓаат на државата Србија“, инсистираше таа.

Друг доказ за докажување на оваа поврзаност, според Османи, се политичките изјави на српскиот претседател Александер Вучиќ, а „фактот дека лицето кое практично го предводеше терористичкиот напад [Радојичиќ] е еден од неговите главни ликови, покажува дека тоа дошло како наредба од Вучиќ“.

Понатаму, претседателката истакна дека Косово е тука за да остане засекогаш“, и дека „ќе направиме се за да го заштитиме Косово од овие терористички групи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…