Зеленски се налути: Нема да плаќаме со суверенитетот за илузорните ветувања за мир!
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на прославата на Денот на ветераните на Украина рече дека неговата земја повеќе нема да плаќа со иднината на своите деца и нејзиниот суверенитет за „илузорните ветувања за мир“.
-Денес, модерните генерации Украинци, вие и сите оние кои сега ја бранат нашата земја и народ, нашата слобода и независност, имаме можност да постигнеме повеќе отколку што можевме досега. Нашата одбрана на Украина од руската инвазија се заснова на историски најголемото единство на нашето општество досега. За единството што го цениме. Украина ужива историски најголема поддршка во светот. И никогаш повеќе Украина нема да плати со иднината на своите деца, нејзиниот суверенитет и својата волја за илузорни ветувања за мир. Украина донесе историски заклучоци, нагласи Зеленски.
Зеленски на војниците им додели награди, а на воените единици почесни титули, почести и борбени знамиња, а учествуваше и на заклетвата на студентите на Воената академија.
Прославата на Денот на ветераните на Украина се одржа во Националниот историски и архитектонски музеј на Киевска Фортеција (Киевска тврдина).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…