Исланд е најбезбедна земја, Србија изненадува – Еве каде е Македонија
Глобалниот индекс на мир (GPI) го претстави годишното рангирање на најбезбедните земји во светот, составено од Институтот за економија и мир, според кое најбезбедна земја во светот за 2023 година е Исланд. Македонија е на 38 место.
Најбезбедна земја во светот и за 2023 година е Исланд. Оваа земја во Северна Европа е на врвот на овој список секоја година од 2008 година. Данска е втора на листата, делумно поради ниското ниво на владина корупција, а трета е Ирска, којашто скокна за пет места во однос на лани.
Говорејќи за земјите од Балканот, најдобро, највисоко оценета е Словенија – на место бр. 8., Хрватска е 14-та, а Бугарија е на 30. позиција. Подолу од македонската држава на списокот се наоѓаат Црна Гора – на 45. место, Грција (60), Босна и Херцеговина (61), а Србија е 65-та, што ја прави најлошо позиционирана земја на Балканот.
На другиот крај од списокот се земјите погодени од војна, со широко распространето насилство и политичка нестабилност, што ги прави доста несигурни. Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан се меѓу најнебезбедните држави.
ГПИ ги рангира земјите според широк спектар фактори, од нивото на насилство и криминал до тероризам и меѓународни судири. Овој извештај ја претставува најсеопфатната анализа на трендовите во мирот, економската вредност и развојот на мирот во општествата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…