Хоџа на средба со Амбасадорот на Албанија: Уставните измени треба да се гласаат во Собранието
Претседателот на Европската Демократска Партија, Арјанит Хоџа, го пречека на средба амбасадорот на Република Албанија во Скопје, г-дин Фатос Река.
На средбата се разговараше за политичката определба и визија на Европската Демократска Партија за политичките процеси и европската иднина на земјата.
Уште еднаш беше реафирмиран ставот дека иднината на регионот нема друга алтернатива освен целосна интеграција во Европската Унија, затоа, како што досега беа заедно Македонија и Албанија рамо до рамо, мора заедно да го продолжат европското патување и во тој контекст беше оценето дека уставните измени треба да се гласаат во собранието, бидејќи со тоа се бетонира и проевропската ориентација на земјата.
Двете страни се согласија за продолжување на комуникацијата, која е во служба на остварување на заедничките аспирации и заокружување на интеграцијата во Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…