Македонија како дел од НАТО нема да испраќа свои војници во Косово ниту на границите со Русија
Објавите дека НАТО испраќа дополнителни свои трупи во Косово, како дел од мировната мисија на КФОР по нападот врз косовската полиција на 24 септември кој ги зголеми тензиите во регионот, ја наметна дилемата во домашната јавност дали македонската армија како дел од Алијансата ќе биде вклучена во засилувањето на военото присуство кај северниот сосед.
Имено НАТО објави дека испраќа уште 200 војници во Косово, како дел од мировната мисија КФОР, потврди портпаролот на Алијансата, Дилан Вајт. Испраќањето на дополнителен број војници е одобрено на 1 октомври, на барање на Врховниот командант на сојузничките сили за Европа. Дополнителните 200 војници ќе се приклучат на британскиот контингент од 400 војници кои дејствуваат во Косово. Алијансата потврди дека ќе следи дополнително засилување на војниците на КФОР од другите земји-членки.
„Одлуката уследи по нападот врз косовската полиција на 24 септември и ги зголеми тензиите во регионот“, потврди Вајт во соопштението што го испрати до медиумите.
Тој наведе дека оваа одлука е внимателен чекор за да се осигури дека силите на КФОР ги имаат потребните капацитети за исполнување на нивниот мандат и одржување на безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе во Косово.
Во контекст на случувањата во регионот но и шпекулациите во домашната јавност „Слободен печат“ се обрати до Министерството за одбрана во насока на одметнување на дилемата дали од земјава е побарано испраќање на наши војници во НАТО мисиите.
Од одбрана велат дека засега од Македонија како земја членка на НАТО не е побаран дополнителен наш воен придонес во мисиите на КФОР.
– Придонесот на Македонија во КФОР започна во ноември 2020 година со упатување на припадници на Армијата во рамките на италијанскиот контингент во Регионалната команда на КФОР – Запад во Пеќ. Во моментов, нашата држава во мисијата КФОР придонесува со 65 припадници од Армијата на Република Македонија, распоредени во Регионалната команда – Запад. Не е планирано ниту побарано зголемување на бројот на припадници на Армијата на Македонија во рамки на мисијата на НАТО, КФОР на Косово – информираат од М. О.
Од ресорното министерство појаснуваат дека донесената одлука на Северноатлантскиот совет за зголемување на бројот на припадници во НАТО мисијата КФОР, претставува превентивна мерка преземена согласно плановите за зајакнување на мисијата во случај на нарушување на безбедносната ситуација особено во северот на Косово. Во таа насока според М.О. министерката Петровска во повеќе наврати апелираше за продолжување на дијалогот и деескалација на состојбите.
Во исто време од одбрана велат дека Македонија, како полноправна членка на НАТО учествува во мисии и операции на Алијансата, за што сме и препознаени како земја која активно придонесува во зацврстувањето на колективната безбедност. Имајќи го предвид фактот за нарушената колективна безбедност со случувањата во Украина, земјава исто така не планира да испраќа дополнителни трупи од веќе постоечките во Источното крило на НАТО.
– Во овој момент припадниците од Армијата на Република Македонија се распоредени во мултинационалните сили на НАТО во Латвија со 9 припадници, заедно со припадниците од Црна Гора и Словенија, под канадско раководство; потоа во мултинационалните сили на Алијансата во Бугарија и во Романија со по еден вод и во НАТО мисијата во Ирак, каде придонесуваме со еден службеник во одбраната – информираат од одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…