Македонија 38 најбезбедна земја во светот
Македонија е на 38 место во светот според Глобалниот индекс на мирот за 2023 година што го изработува меѓународниот Институт за економија и мир, врз основа на повеќе безбедносни критериуми. Најбезбедна земја е Исланд, а најнебезбедна Авганистан.
Најбезбедна земја од поранешните југословенски републики е Словенија на осмото место, Хрватска е 14, Црна Гора 45, Босна и Херцеговина 61, а Србија 65.
Од другите држави во регионот, Бугарија е рангирана на 30 позиција, Албанија на 40, а Грција на 60.
САД се на 131 место, Украина на 157, Русија на 158.
На врвот на Глобалниот индекс на мирот веќе 15 години е Исланд како најбезбедна земја во светот. Меѓу првите пет се и Данска, Ирска, Нов Зеланд и Австрија.
Најлошо рангирани и најнебезбедни земји во светот се ДР Конго, Јужен Судан, Сирија, Јемен и Авганистан.
Институтот за економија и мир го изработува Глобалниот индекс според повеќе критериуми, од ниво на насилство, криминал и корупција, до тероризам и меѓународни конфликти. Извештајот се базира и на податоци за трендовите во економијата и мирниот развој на земјите во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…