104-годишна старица од Чикаго скокна со падобран за да го собори светскиот рекорд: „Годините се само бројка“

t

104-годишната Дороти Хофнер од Чикаго бара потврда дека е најстарата личност која скокнала со падобран, бидејќи направила неверојатен подвиг за нејзината возраст.

Годините се само бројка“, вели храбрата жена неколку моменти по безбедното слетување на полигонот во Отава.

Дороти изведе „тандемскок“ (прикачена за инструктор) од височина од 4.100 метри, а сега се очекува Гинисовата книга на рекорди да го потврди нејзиното достигнување.

Жителката на Чикаго го направила својот прв скок со падобран кога имала 100 години. Тогаш, како што вели, морале да ја „исфрлат од авион“, а во неделата на 1 октомври инсистирала да го води скокот.

„Ајде да одиме, Џеронимо“, извика Дороти кога се смести во авионот.

Старицата изгледала смирено и самоуверено кога се отворила авионската врата. Нејзиниот лет траел седум минути, а на интернет се појавиле видеа и фотографии кои покажуваат колку уживала.

Нејзините пријатели побрзаа да и честитаат, бидејќи таа безбедно слета и ја прашаа како е.

„Убаво е горе! Не може да биде подобро“, рече таа.

Дороти размислува за други предизвици пред нејзиниот 105-ти роденден во декември. Таа вели дека сега би можела да оди на возење со балон на топол воздух.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…

Согласно најновите податоци на Европската агенција за…

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…