Кралицата на блуз гитарата Ана Поповиќ за прв пат доаѓа во Скопје!

t

Најнаградуваната светска гитаристка Ана Поповиќ и нејзиниот бенд, во склоп на големата светска турнеја Power Tour, на 29-ти октомври ќе одржи концерт во Македонска Филхармонија.

Настанот ќе биде од регионален карактер, поради фактот што концертот во Македонија ќе биде единствен во регионот за целата турнеја. На оваа турнеја Ана Поповиќ го промовира нејзиниот најнов албум Power кој веднаш по излегувањето го достигна првото место на US Billboard Chart за најпродавани албуми на национално ниво.

Многубројните награди и признанија од највисоките рангови на музичката индустрија, вклучувајќи 8 Блуз Музички Награди, се доказ за нејзината 25 годишна кариера и посветеност на музиката.

Ана Поповиќ со текот на годините се покажа како динамичен и посветен изведувач и текстописец, кој заедно со својот бенд ја има споделувано сцената со врвни артисти како B. B. King, Gary Clark Jr., Jeff Beck, Joe Bonamassa, и многу други.

Картите за концертот се достапни на: https://www.kupikartizase.com/Events/ana_popovic_2023

Концертот го организира Спектаклум Продукција, во соработка со Fusion Festival. Настанот е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…