Денеска се празнува Светиот апостол Кодрат

t

Еден од Седумдесетте. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп: најнапред во Атина (после свети Публиј), а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а светиот апостол Кодрат низ словото Божјо им заблесна на Елините како голема светлина, ја осветли темнината, ги симна скверните жртви, ги разурна идолите и демонските храмови ги разори со молитва.

Но, темнината секогаш ја мрази светлината, па така и незнабошците го замразија свети Кодрат, та по ова го фрлија в затвор и не му даваа леб сè додека не ја испушти својата света душа и не се пресели во Царството на својот Бог Христос. Свети Кодрат напиша одбрана на христијанството и му ја предаде на царот Адријан. Таа одбрана толку подејствува на незнабожечкиот цар, што овој нареди христијаните да не се прогонуваат без особена вина. Свети Кодрат пострада околу 130. година. Погребан е во Магнезија, градот во кој го заврши животот маченички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советникот на Зеленски: Не сме заинтересирани за…

Михаило Подољак, советник во кабинетот на украинскиот…

Филипче-По кредитот во 4 очи следува фактурата…

ФОКУС: Во исто време кога Унгарија ни…

Рускиот амбасадор во Вашингтон: Неверојатно е Украина…

Амбасадорот на Русија во Вашингтон денеска изјави…

Пожарот на Галичица опустоши над 6.500 хектари…

Големиот пожар на Галичицаизминативе десетина дена зафати…

Ја допирал малолетната ќерка и СЕ САМОЗАДОВОЛУВАЛ…

Во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје…