Претседателката на Косово побара санкции за Србија
Претседателката на Косово Вјоса Османи, во интервју за Си-Ен-Ен побара од меѓународната заедница да воведе санкции за Белград, но не одговори на прашањето дали Приштина ќе ја формира Заедницата на општини со мнозинско српско население (ЗСО).
Во разговор со Кристијан Аманпур, Османи избегна да даде директен одговор на прашањето дали Приштина ќе ја формира ЗСО, на што инсистира меѓународната заедница, повторувајќи го тврдењето дека Косово било нападнато и дека е „жртва на агресија“.
Османи рече дека „оваа агресија не се случи ненадејно“, додавајќи дека „е испланирана и подготвена многу добро со единствена цел да се анектира северот на Косово во стилот на Крим“. Османи повеќепати изјави дека Приштина има докази што ја потврдуваат поврзаноста на Србија со настаните во Бањска.
Во врска со возачките дозволи и регистарските таблички Османи одговори: „Ги следевме советите на нашите партнери и постигнаавме компромис“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…