Поплавите во Словенија направиле штета од речиси 10 милијарди евра

t

Владата на Словенија направи проценка на штетите од поплавите што се случија во август, врз луѓето, бизнисот и животната средина. Штетата изнесува 9,9 милијарди евра, јави агенцијата СТА.

Поплавите зафатија 183 од 212 општини во земјата, а површината на погодената област е 17.203 квадратни километри или 85 отсто од територијата на земјата.

-Претставената проценка ги опфаќа сите аспекти на природната катастрофа, вклучувајќи ги и напорите за обезбедување алтернативи на погодените згради, расчистување на речните корита, обновување на инфраструктурата, заштита и обновување на местата на културното наследство, како и отстранување и управување со отпадот, изјави денеска министерот за регионален развој Александар Јевшек , откако проценката беше разгледана од владата.

Проценката игра клучна улога во подготовката на пријавата за надомест на штети која ќе биде поднесена до Фондот за солидарност на ЕУ.

-Барањето за помош секако ќе го поднесеме пред истекот на рокот, односно до 27 октомври, кажа министерот Јевшек.

Поплавите предизвикани од обилните дождови во август, словенечкиот премиер Роберт Голоб ги опиша како најголема природна катастрофа во последните 30 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пратеник на СДС се качи на…

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј…

Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп

Полицијата во Словенија го истражува исчезнувањето на…

Словенија стравува од поплави и одрони по…

Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…

Дете удри во дрво и загина на…

Дете трагично го загуби животот денеска на…

Словенечките војници „извојуваа“ да им се плаќа…

По неколкугодишни напори, вработените во словенечката армија…