Османи се слушнал со Лавров пред неколку недели: Најтешка година од постоењето на ОБСЕ!
Министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ Бујар Османи вечерва изјави дека на самитот на ОБСЕ на 30 ноември/1 декември најверојатно ќе се донесе одлука каква ќе биде иднината на организацијата имајќи го предвид ветото на Русија. Бујар Османи во вечерашното „жешко столче“ на Топ Тема на Телма, каде одговори од минстерот бараа новинарите Жана Божиновска, одговорен уредник на „Слободен печат“ и Борис Георгиевски, уредник на „Дојче Веле на македонски јазик“ изјави дека едно од решенијата е Македонија да продолжи уште една година со претседавањето, но дека за тоа ние сега треба да донесеме одлука дали ќе прифатиме
-Ова е најтешката година од историјата на ОБСЕ. Точно е дека ОБСЕ е пред егзистенцијални предизвици, нема буџет, нема претседавач, нема кому да му го предадам претседавањето идната година во 2024 година. Тоа првпат се случува во историјата, бидејќи Русија стави вето на Естонија и мандатот на четворицата извршни лидери на ОБСЕ им истекува. Треба консензус за продолжување. Јас сум во постојана комуникација. Се слушнав и со Лавров пред неколку недели, рече Османи во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“.
Османи вели дека се видел со речиси сите министри за надворешни работи на 57-земји членки и свикал вонреден состанок на постојаниот Сосвет на кој присуствувале 40 министри и алармирал дека ако не се најде решение оти ова ќе биде последната година за ОБСЕ. Најверојатно, вели тој, одлуката ќе биде донесена во Скопје.
-Затоа министерскиот совет на 30 ноември – 1 декември ќе биде историски затоа што или таму ќе ги изгасиме светлата или таму ќе обезбедиме иднина на организацијата. Имам понудено креативни решенија за сите три. Сега провејува веќе консензусот…најголемиот дел од консензусот е дека Македонија треба да продолжи уште една година. Дали ќе има консензус за тоа не можам да кажам. Ние сега треба да ја донесеме одлуката дали ќе прифатиме, изјави Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…