Јанев: Функционерите јадат бифтек за 180 денари, а студентите треба цел ден да јадат за 140!

t

По првиот академски час заклучок на повеќето студенти е дека премиерот и министрите се ефикасни само во ветувања, како што ветија и лани, а ништо не е ни остварено ни започнато. Самите студенти најдобро знаат каков им е стандардот, а секако политичарите ќе излезат со изјави дека е подобрен студентскиот стандард. Промени и подобрувања нема, има само влошување на стандардот и пад на квалитетот на образованието, вели студентот Јован Јанев, активен во борбата за студентскиот стандард, во СТУДИО 10 на ТВ 24

– За разлика од претходните 120 денари, 140 е подобрување, но реформата е апсурдна. Која е поентата да се инвестира во студентите кои ако денеска не ги потрошат денес тие 140 денари парите се враќаат во државниот буџет. На некои студенти им е укинат и појадокот во домовите со што се губи смислата оти 140 денари и не се доволно за пристоен оброк, вели Јанев.

Јанев вели дека со оглед на инфлацијата прашање е уште колку време ќе имаме и за бурек и јогурт, а тоа е многу далеку од здрав студентски оброк како што лани ветуваа.

– Голем број од картичките не ни функционираат поради некои технички причини, но веруваме дека Владата и Министерството треба да издејствуваат побрзо решение. Оттука, ни тие 140 денари студентите не можат да ги искористат и се враќаат во државната каса. Кога треба да се инвестира во студентите ние штедиме, кога има тендери тогаш не се штеди. Тоа е убивање на една генерација само поради личен профит, вели Јанев.

Јанев вели дека ако некоја партија се нарекува социјал-, а пратениците јадат бифтек за 180 денари и студентите треба цел ден да јадат за 140 денари, при што имаат 78 отсто зголемени плати – треба да си го сменат името.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…