Србите бесни: Во Грција се појави транспарент “Косово е Албанија”
На натпреварот меѓу АЕК и Ајакс во второто коло од Лигата на Европа, дел од навивачите на грчкиот клуб го развиориле транспарентот „Косово е Албанија“, по што АЕК итно се огласи и истакна дека изразила згрозеност од инцидент.
„АЕК изразува згрозеност и ја осудува појавата, макар и на неколку секунди, на транспарент со националистичка содржина. Тоа нема апсолутно никаква врска со нас или во што веруваме од нашето основање. Не треба ништо да докажуваме со нашите зборови, бидејќи тоа го направивме со дела против војната, кои никој друг не ги направи“, се наведува на почетокот на објавата.
Грците изјавија и дека веднаш покренале истрага за да се открие кој е одговорен за инцидентот.
„Сакаме да нагласиме дека веднаш покренавме истрага за да утврдиме кој е одговорен за изгледот на тој транспарент што го виделе луѓе ширум светот, а ние воопшто не се согласуваме со тоа. Ќе ги најдеме одговорните и ќе добијат засекогаш забрана за влез на стадионот“, соопштија од грчкиот клуб.
Познато е дека Србите и Грците имаат блиски односи, поради што ваквата порака на трибините беше многу изненадувачка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…