Пленковиќ: Не е реално сите земји кандидати заедно да влезат во ЕУ
Основниот принцип на процесот на проширување на Европската унија треба да биде индивидуалните заслуги на аспирантите, изјави во петокот хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на крајот од неформалниот самит на ЕУ во Гранада.
Самитот во шпанскиот град беше вовед во дискусијата за новата стратегија на ЕУ и подготовката на самата Унија за прием на нови членки.
„Не е реално сите заедно да влезат, ниту пак да има голем бран, убеден сум во тоа. Само и исклучиво политиката на индивидуалните заслуги на секоја земја треба да биде фундаменталниот принцип на процесот на проширување, бидејќи ако почнеме да ставаме сè на маса, тогаш критериумите секогаш некаде ќе се олабават и некаде ќе се заоструваат“, рече Пленковиќ за новинарите, пренесува Хина.
Црна Гора и Србија водат преговори со години, Македонија и Албанија официјално ги отворија дури минатата година.
Босна и Херцеговина доби кандидатски статус во декември минатата година, половина година откако им беше доделен кандидатски статус на Украина и Молдавија.
Косово има статус на потенцијален кандидат, а Грузија има европска перспектива.
Турција е блокирана од преговори од 2018 година и нема знаци дека тоа може да се промени наскоро.
Пленковиќ рече дека за Хрватска, Босна и Херцеговина е „најважната земја во однос на надворешната политика од сите земји во соседството“ и дека силно го поддржува Сараево да ги отвори преговорите со ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…