18-годишник избоден со нож пред кафеана во Скопје

t

18-годишно момче било избодено со нож пред кафеана во Скопје. Во 20.42 часот, во СВР Скопје, од итна медицинска помош било пријавено дека на улицата Тале Христов во Скопје имало повредено лице со остар предмет.

– Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека околу 20.30 часот пред угостителски објект две лица физички го нападнале М. А. (18) од Скопје, при што едно од нив со остар предмет му нанело повреди. М. А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…