Зеленски: Главен предизвик е да го зачуваме единството на Европа
Главен предизвик е да се зачува единството во Европа и тоа не само на ЕУ, туку и на целиот европски континент, во услови кога Русија напаѓа со информации и дезинформации, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада.
– За Украина е особено важно да обезбеди одбранбен штит за претстојната зима, кога се очекуваат напади од различен вид руски проектили, ирански дронови и слично, додаде Зеленски.
Во однос на одлуката на Конгресот на САД за запирање на финансиската помош за Украина, Зеленски рече дека при неговиот престој во Њујорк на Генералносо собрание на ОН разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, кој изразил стопроцентна поддршка за Киев од негова страна и од страна на неговите сопартијци во Конгресот.
– Сакако, ова е период на предизборие во САД кога се слушаат разлчни изјави, некои од нив се многу чудни, но денеска ќе разговараме и за нив, додаде Зеленски во кусата изјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…