Околу 2.000 луѓе загинаа во земјотресот што го погоди западен Авганистан
– Околу 2.000 луѓе загинаа во неколку вчерашни силни земјотреси што го погодија западен Авганистан, изјави денеска портпаролот на владата на талибанците, Абдул Вахид Рајан за Германската новинска агенција (ДПА).
Според него бројот на повредени е многу поголем. Тој додаде дека продолжува потрагата по преживеани продолжи.
Најмалку осум земјотреси со интензитет од 4,6 до 6,3 степени според Рихтеровата скала вчера се регистрирани северозападно од авганистанскиот град Херат, што е во близина на границата со Иран.
Земјотресите беа на мала длабочина од околу 10 километри. Силни земјотреси се чести во регионот каде што се спојуваат арапските, индиските и евроазиските плочи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…