Курти: Радоичиќ е Аркан на Вучиќ
Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека одговорноста на Србија за „агресивниот напад на криминалните и терористичките групи од Србија, не само врз косовската полиција, туку и врз самата држава Косово, е неспорна, дури и за оние кои тоа не сакаат да го видат и слушнат“, како и дека Милан Радоичиќ е Аркан на Вучиќ.
„Непобитно е утврдено дека оружјето и борбената обука на српските професионалци кои го нападнаа звечанското село Бањска доаѓа од Србија. Целото запленето оружје било произведено во Србија, пристигнало од Србија, а по вид и количина е доволно за цела една војска“, изјави Курти за подгоричка Побједа, пренесе Нова.рс.
Како што додаде, вредноста на запленетото оружје е повеќе од пет милиони евра.
На прашањето дали очекува Милан Радоичиќ навистина да биде екстрадиран во Косово, тој рече дека „сите терористи кои успеале да побегнат мора да бидат предадени на властите на Република Косово“.
„Организациите ‘Цивилна одбрана’ и ‘Северна бригада’ мора да бидат прогласени за терористички организации и од страна на нашите пријателски, партнерски и сојузнички земји“, рече Курти.
Тој додаде дека врската меѓу Вучиќ и Радоичиќ не е оригинална. „Сме го виделе тоа многу пати досега“, рече тој.
Курти изјави дека „денес во Белград го имате малиот Путин за претседател“ кој „мора да има свој мал Пригожин на Копаоник, или ако се вратиме малку подалеку во минатото, се наметнува паралелата: новиот Слободан во Белград го има својот нов Аркан на Косово“, рече тој.
Тој додаде дека државите кои имаат комплекс на супериорност, кога ќе се намалат или ослабат, стануваат опасни. „Србија во таа смисла е како Русија“, изјави косовскиот премиер.
На прашањето до кој степен Русија е вмешана во тероризмот на северот на Косово, тој рече дека дестабилизацијата на регионот на Западен Балкан е главно средство на Белград, кое му одговара и на Кремљ.
Курти избегна директно да одговори на прашањето дали барањето КФОР да ја преземе контролата врз северот на Косово е нов договорен „двоен премин“ на двајца стари сојузници, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.
„Косовската полиција е првa што одговора, втор е ЕУЛЕКС, трет е КФОР. КФОР ја има истата мисија на цело Косово, што значи дека не може да има два КФОР на територијата на нашата земја. Ни требаат заеднички патроли на нашата полиција и КФОР; тие би ја контролирале границата меѓу Косово и Србија“, изјави Курти во интервју за Побједа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…