(Видео) Избувна пожар во Бања Лука, оганот проголтува сѐ пред себе: се прошири во најпознатиот хотел во градот
Пожарот од „Електрокраина“ во Бања Лука се прошири и на хотелот „Босна“, пожарникарите со голема брзина влегуваат во хотелот за да спречат ширење на пожарот, известуваат тамошните медиуми.
Еден од хотелските работници за „Српскаинфо“ изјави дека пожарот избувнал на првиот кат од хотелот, а во моментот ситуацијата пред хотелот е драматична.
Полицијата ги блокира сите улици, голем број луѓе се на улица.
Полициската управа Бања Лука, утрово, во 9.37 часот, е известена дека има пожар во зграда“, соопшти СВР Бања Лука.
Пожарот во зградата на „Електрокраина“ избувнал на инсталациите во машкиот тоалет на првиот кат, потврди директорот на „Електрокраина“, Драган Чавиќ, за „Српскаинфо“.
Работниците се обиделе да го изгаснат пожарот со помош на противпожарни апарати, но не успеале. Преку инсталациите се прошири до другиот дел од зградата“, додаде Чавиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Силно невреме со град го погоди Охрид
Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…
Чупиќ нов тренер на Вардар
Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Не тргнувајте од Скопје кон Тетово –…
Поради тешка сообраќајна несреќа кај тетовското село…