(Видео) Се јави Кадиров: ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ДЕЈСТВУВАМЕ ЗА ДА ВОСПОСТАВИМЕ РЕД ВО ИЗРАЕЛ!
Кадиров ја поддржа Палестина и предложи испраќање чеченски борци како мировни сили за да се врати редот, пренесуваат руските медиуми.
Шефот на Чеченија апелираше до „светската заедница барем еднаш едногласно да донесе правична одлука за ситуацијата во Палестина“. Тој, исто така, апелираше до „лидерите на муслиманските земји да создадат коалиција за да ги повикаат Европа и Западот да не бомбардираат цивили под изговор дека убиваат милитанти“.
„Ја поддржуваме Палестина. И ние сме против оваа војна, која, за разлика од другите конфликти, може да прерасне во нешто повеќе“, рече Рамзан Кадиров во својот телеграмски канал, предлагајќи да се запре војната.
„Доколку е потребно, нашите единици се подготвени да дејствуваат како мировни сили за да го воспостават редот и да се спротивстават на сите вознемирувачи“, додаде шефот на Чеченија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…