Македонија да си ја напише домашната и да се придржува кон договорите, порачува германската амбасадорка во Софија
За Македонија ќе биде предност да се приклучи кон Европскиот сојуз, но тие треба да си ја напишат домашната задача, треба да се придржуваат кон договорите, истакна во интервју за бугарски „Бгнес“, германската амбасадорка во Бугарија Ирене Марија Планк.
„Верувам дека Македонија треба да продолжи да се ангажира и да го прави тоа, што рече дека ќе го направи. Мислам дека и Бугарија е во право што има пријателски пристап. Владата го прави тоа и јас стојам целосно зад тоа“, рече таа.
Амбасадорката на Германија во Софија, во разговорот за „Бгнес“ изјави дека била сведок на напорите на актуелната бугарска влада да одржува пријателски тон со Македонија.
Како што рече – Бугарија овој период се држи до актуелните прашања и не настојува емоционално на преуредување на минатото.
„Мислам дека навистина треба да гледаме во иднината. Бугарија и Македонија се блиски соседи и би било во најдобар интерес на сите да се оди напред“, порачува Планк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…