Шест часа двата аеродроми ќе бидат затворени за полетувања и слетувања – еве ја причината!

t

Синдикатот на контролори на летање останува на претходно донесената одлука за реализација на штрајкот од 11 до 17 часот поради партиските вработувања, внатрешните прераспоредувања на вработени, несоодветните услови за работа и опрема. Велат дека дезинформацијата за наводна постигна спогодба поради која се става штрајкот во мирување ќе ги доведат во забуна патниците и авиокомпаниите, а ќе предизвика и непотребен хаос при планирањето на летовите.

„Претседателот на УО на М-НАВ ги пласираше овие дезинформации и мислеше најверојатно дека ќе изврши притисок врз нас. Ние на состаноците кажавме дека додека не добиеме нешто конкретно што ќе се потпише и раководните структури ќе обврзат тоа што го зборуваат дека ќе го исполнат, ние не може да се потпираме на празни муабети“, вели Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.

Контролорите на летање укажуваат дека во моментот и во УО на М-НАВ владее разединување. Новите двајца директори поставени пред неколку месеци што го затекнаа хаосот, гледаат како претседател на УО, Фахрудин Хамиди, продолжува по стариот пат генерира нови проблеми и ги испорачува ветените партиски вработувања. Според договорот на синдикатот со менаџментот, требаше најпрво да се направи студија за тоа какви кадри се потребни во М-НАВ и дотогаш да се вработуваат само инженери, контролори и техничари.

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…

Само неколку дена траеше договорот за откупната…

Сите државни ресурси ангажирани на терен за…

Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…

(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…

На социјалните мрежи се прошири видео на…

(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…

По серијата пожари, Франција се соочи со…

Кос: Не смееме да прифаќаме тројански коњи…

Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…