Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
56-годишен мотоциклист од Скопје е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера попладне.
На 11.10.2023 во 12.10 часот во СВР било пријавено дека на ул.„Боро Кралевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(23) од Скопје и мотоцикл „сим“ управуван од О.И.(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…
Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…
Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…
Драма на небото над Србија: Воени ловци…
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…