Во Бугарија приведени 12 лица поради кршење на санкциите

t

Бугарската полиција приведе 12 луѓе, дел од организирана криминална група кои вршеле извоз на стока со двојна употреба од Бугарија во Руската Федерација со што се прекршуваат санкциите наметнати од ЕУ. Меѓу нив петмина се странци – тројца Руси, Албанец и жител на Белорусија. Асењата биле извршени во Софија, Пловдив, Варна и Велико Трново. Групата била активна од 2021 година.

Главниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Живко Коцев, изјави дека меѓу осомничените има државјани на Бугарија, Русија и Белорусија.

– Акцијата за апсење на осомничените ја спроведоа повеќе агенции откако Државната агенција за национална безбедност добила информации за нелегален пренос на стока со можна двојна употреба, изјави шефот на агенцијата Пламен Тончев.
Таквиот извоз во Русија е забранет со санкциите на ЕУ наметнати на Русија откако таа ја започна својата војна во Украина.

„Откриена е меѓународна мрежа за нелегално снабдување на стоки со двојна употреба со цивилни и воени апликации од европските земји до Руската Федерација“, рече Тончев.

Досега е утврдено дека еден од организаторите регистрирал трговско друштво во Пловдив за да ги извршува своите активности. Компанијата купила разни видови стоки за двојна употреба за околу 4.000.000 лева – оптички нишани, авијациски радио станици и друго. Тие биле складирани во станбен имот, препакувани и подготвени за извоз преку софискиот аеродром во Руската Федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…