Тројца повредени во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш
-Три лица се повредени, од кои еден потешко, во сообраќајната несреќа што се случила вчера на патот Струмица-Радовиш, на делницата меѓу селата Владевци и Радичево.
Како што сооштија од СВР Струмица, во несреќата учествувале камион-влекач со полуприколка „волво“ со струмички регистарски ознаки, управуван од В.Н. (60) од Струмица и автомобил „хонда“ со радовишки регистарски таблички управуван од Љ.И. (46) од село Восилавци, радовишко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од патничкото возило „хонда“, Д.И.(42) од село Воиславци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Град Скопје објави јавен повик за субвенции…
Град Скопје објави Јавен повик за доделување…
Трамп закажа средба во Белата куќа со…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…