Приведен крадец во скопско, баран по распишана централна потерница
Денеска во 09.10 часот на улицата „Ѓорѓи Пенков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот С.Л. од Скопје.
– Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на двегодишна казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Инцидент во близина на воена база во…
Британската полиција соопшти дека уапсила неколку мажи…
Вандализирано детско игралиште во Карпош 1
За жал, повторно сме сведоци на вандализам…
Македонија ја посетиле 741.446 туристи за 7…
Македонија во првите седум месеци од 2026…
Кај гостиварец и тетовец пронајдена марихуана
На 26.09.2026 во 12:30 часот на ул.„Мара…