Европска вселенска агенција: Топењето на мразот на Антарктикот е алармантно
Од 1997 до 2021 година, 71 од 162 ледени гребени на Антарктикот изгубиле маса, 68 од нив „статистички значајно“, се вели во студијата чии резултати се објавени во четвртокот во списанието Сајанс адвансес.
Научниците истакнаа дека загубата на маса е поголема од нормалните флуктуации и дека ова е уште еден доказ за тоа како климатските промени влијаат на Антарктикот.
„Очекувавме дека повеќето гребени ќе поминат низ циклуси на брзо, но краткорочно намалување, само за полека повторно да пораснат. Наместо тоа, гледаме дека речиси половина од нив се намалуваат без знаци на закрепнување“, рече водечкиот автор на студијата Бенџамин Дејвисон од Универзитетот во Лидс.
Во текот на набљудуваниот период, научниците утврдиле дека 29 ледени гребени добиле маса, а 62 не се промениле значително.
Според научниците, 48 ледени гребени изгубиле повеќе од 30 проценти од својата маса за 25 години. Клучен двигател на топењето биле океанските струи и ветровите на западната страна на Антарктикот, туркајќи потопла вода под ледените гребени.
Ледените гребени се пловечки платформи од мраз околу Антарктикот кои помагаат да се заштитат и стабилизираат глечерите со забавување на нивното одлевање во океанот.
Големото топење на ледените гребени ослободува слатка вода во океанот, што може да влијае на океанската циркулација, според Европската вселенска агенција, чии сателитски радарски снимки биле користени во студијата.
Првите откритија објавени минатиот месец покажаа дека морскиот мраз околу Антарктикот е на рекордно ниско ниво оваа зима.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…