Објавено на:

САД побарале да се одложи израелската копнена операција во Газа

t

Соединетите Американски Држави побарале од Израел да ја одложи копнената операција во Појасот Газа, јави весникот „Ерусалим пост“. Како што пренесува Анадолија, се уште не е познато каков ќе биде одговорот на Израел на ова итно барање.

САД силно го поддржаа Израел во неговата борба против групата Хамас по нападот од пред седум дена, но изразија загриженост за хуманитарната ситуација на повеќе од два милиони жители на Газа.

Израелската армија вчера побара од 1,1 милион жители на северот на Газа да се евакуираат во рок од 24 часа во јужната половина од енклавата.

Обединетите нации предупредија дека ќе биде невозможно Палестинците во Газа да ја почитуваат наредбата без катастрофални хуманитарни последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…

Израел може да ги погоди сите нуклеарни…

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Шефот на израелските одбранбени сили: Правиме историја,…

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили…

Израел очекува одлука на САД за приклучување…

Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…