(Видео) “Железната купола” работи над Тел Авив, страшни експлозии во Газа
На социјалните мрежи и денеска се споделуваат видеа од Израел и Газа. Цивил од Тел Авив објави видео на кое се слушаат експлозии, а се гледа и како работи “Железната купола”.
Според Си-ен-ен, „Железната купола“ е една од најважните алатки во арсеналот на Израел за спасување безброј животи за време на различни конфликти во изминатата деценија. Тоа е многу ефикасен систем, а израелските одбранбени сили (ИДФ) во мај соопштија дека „Железната купола“ имала 95,6 проценти успех за време на ракетните напади од страна на палестинската милитантна група „Исламски џихад“.
Цивил од Газа пак сподели видео од експлозиите во појасот, за кои е малку да се каже дека се страшни.
Обединетите нации денеска предупредија дека Газа остана без вода за пиење. САД побараа од Израел да ја одложат копнената операција во Појасот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…