Објавено на:

(Видео) Тенкови се распоредуваат по границата? Израелската армија ќе процени колку цивили останале во Газа па ќе започне копнената операција!

t

Израелската армија ќе процени колку цивили останале во Газа и ако дозволи ситуацијата, операцијата ќе започне, изјави портпаролот на армијата Џонатан Конрикус за Си-Ен-Ен, коментирајќи за копнената операција на Израел во појасот Газа.


– „Ќе видиме колку жители ќе останат во тој крај. „Кога ќе видиме дека ситуацијата дозволува спроведување на голема операција, таа ќе започне“, рече Конрикус.

Египет, Израел и Соединетите држави претходо се согласија да им дозволат на странците кои живеат во Газа да го преминат граничниот премин Рафа во Египет, изјави висок египетски функционер.

На социјалните мрежи се појавија видеа од израелската војска која се распоредува на границата со Појасот Газа, но автентичноста на видеата не е потврдена.

Речиси милион жители на Газа се внатрешно раселени во енклавата во текот на неделата по ескалацијата на конфликтот, се вели во соопштението на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток.
„Само во последните 12 часа стотици илјади луѓе се раселени. „Тоа продолжува бидејќи луѓето одат во јужниот дел на Газа“, се вели во соопштението.

Според последните информации, од почетокот на конфликтот, на израелска страна загинале над 1.200 лица, а на палестинска страна 2.200.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…