Г7 го осудија нападот на Хамас врз Израел
Категорично ги осудуваме неодамнешните терористички напади на Хамас врз државата Израел и ја изразуваме нашата солидарност со израелскиот народ. Ова го изјави министерот за финансии на Јапонија, Шуничи Сузуки, по состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки од Г-7.
Дискусиите се одржаа во рамките на Годишниот состанок на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во мароканскиот град Маракеш.
Прес-конференцијата беше одложена за повеќе од еден час „за да се разјаснат“ некои фрази во последното коминике, рече и јапонскиот министер за финансии.
Сузуки рече дека земјите од Г7 ќе продолжат да ја поддржуваат Украина да се брани во нелегалната и неоправдана војна што започна со руската инвазија минатата година. Тој посочи дека на состанокот на Г-7 учествувал и министерот за финансии на Украина Серхи Марченко.
– Остануваме посветени на унапредување на меѓународната соработка за справување со глобалните економски тешкотии предизвикани од руската војна против Украина и претворањето на енергенсите и храната во оружје, рече Сузуки.
– Во овој контекст, ја повикуваме Русија да ги прекине нападите врз украинските резерви и инфраструктурата со жито и брзо да ја обнови Црноморската иницијатива за жито за подобрување на понудата на светскиот пазар и намалување на нестабилноста на цените на храната“, додаде јапонскиот министер за финансии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Под мотото „Чувари на верата и македонскиот…
Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија…
САД повлекуваат дел од дипломатите од Блискиот…
Соединетите Американски Држави го намалуваат дипломатскиот персонал…
Над 1.400 прекршоци за 10 дена во…
Системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Дебар…
Иранскиот претседател Пезешкијан ги обвини САД за…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД…
Протести во Чешка поради промени во финансирањето…
Неколку десетици демонстранти се обидоа насилно да…