Ковачевски: СДСМ го исполни аманетот на Блаже Конески, го заштити македонскиот јазик
Ние, македонските социјалдемократи го исполнивме аманетот на Блаже Конески, на џинот од Небрегово, тоа е патриотизам, да го сочуваш македонскиот јазик, идентитет, да ги обезбедиш во Европа и светот, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска во обраќањето на традиционалниот народен собир во манастирот св.Димитрија во Селце, општина Прилеп.
-Ги добивме досега сите битки со државничките политики на СДСМ и про-европската коалиција. Во 1991-та година обезбедивме независност. Во 1993-та година државата стана членка на Обединетите нации. Во 2016-та година
совладавме режим. Во 2017-та година ја обновивме демократијата. Во 2020-та година станавме членка на НАТО. Во 2022-та година започнавме преговори со ЕУ, по цели 17 години од добиениот кандидатски статус при што македонскиот јазик, идентитет, култура, посебност ги заштитивме и ги обезбедивме. Денеска Македонскиот јазик е на исто рамниште со јазиците на земјите членки на ЕУ. Затоа ние, македонските социјалдемократи со гордост велиме дека го исполнивме аманетот на Блаже Конески, на џинот од Небрегово! Тоа е патриотизам, да го сочуваш јазикот, идентитетот, традицијата, културата, да ги обезбедиш во Европа и светот, рече Ковачевски.
Опозициската ДПМНЕ не направи ништо, не го поддржа ниту договорот со ФРОНТЕКСТ ниту пак Законот за македонски јазик, додаде тој.
-А оние од опозицијата, кои великанот Коневски го нарекуваа „џуџето од Небрегово“, кои лажеа дека ќе имало асимилација и бугаризација ниту го поддржаа договорот од ФРОНТЕКСТ во Собранието ниту пак Законот за
македонски јазик, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во Селце, општина Прилеп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на…
„Добар ден на сите, би сакал да…
ЈО за отворање случај за Алта банка:…
Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на…
Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…
Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…
Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…