ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ – КОЧАНИ СО РЕАКЦИЈА ДО ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“
Почитувани наши сограѓани, почитувани организатори на годинешната манифестација „Денови на Кочанскиот ориз“.
Ние како здружение упатуваме голема забелешка на непочитувањето на имињата на улиците и објектите кои се дел од историјата на Македонскиот народ.
За што станува збор. Имено ја прочитавме поканата која организаторите на манифестацијата ја имаат испратено до одредени медиуми и згрозени сме на она што го имате напишано. Во дописот кој го испративте пишува, цитираме:
„Денови на Кочанскиот ориз дефиле, Дата 30.09.2023 година, Зборно место Градски плоштад 16-16,30 часот Почеток на дефилето на улица ВМРО (пред стар Турист): тргнување по улиците во 17 часот ……………“.
Би сакале да им укажеме на оние кои се примаат на работа привремено или пак постојано се вработени дека обидот најголемата и најстарата улица која со децении го носи името „Маршал Тито“ не се успеа да се прекрсти во ВМРО, туку си остана вековното име.
Не чуди, како може некој да си дозволи да ја самоволно прекрстува улицата и тоа на официјален документ.
Бараме Градоначалникот да ја испита работата, да го открие лицето што го е напишал овој допис и јавно да се извини и на нас како здружение а и на кочанската јавност бидејќи ваквите самоволни прекрстувања никаде не водат освен до револт. Очекуваме јавно извинување од организаторите на манифестацијата и од Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.
Ве замолуваме да во иднина и паркот го пишувате со вистинското име а тоа е „Парк на револуцијата“ а не „Градски парк“. Проверете и ќе се уверите во она што го тврдиме.
Се надеваме дека јавно ќе се произнесете за ова што намерно или не го имате направено.
Извор: komarec.com.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…