Бајден телефонски разговарал со Нетанјаху и Абас
Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и одделно со палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопштија синоќа од кабинетите на израелскиот и палестинскиот лидер.
Нетанјаху му рекол на Бајден дека се потребни единство и решителност за да се постигнат воените цели на Израел против палестинската исламистичка организација Хамас, која владее со Појасот Газа, соопшти кабинетот на израелскиот претседател, додавајќи дека Нетанјаху му се заблагодарил на Бајден за неговата поддршка.
Палестинскиот лидер му рекол на Бајден дека целосно го отфрла раселувањето на Палестинците од Газа бидејќи Израел се одмаздува за смртоносниот напад на Хамас на неговата територија, се вели во соопштението на канцеларијата на Абас.
Претставник на САД ги потврди телефонските разговори, но Белата куќа се уште не објави детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Под мотото „Чувари на верата и македонскиот…
Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија…
САД повлекуваат дел од дипломатите од Блискиот…
Соединетите Американски Држави го намалуваат дипломатскиот персонал…
Над 1.400 прекршоци за 10 дена во…
Системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Дебар…
Иранскиот претседател Пезешкијан ги обвини САД за…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД…
Протести во Чешка поради промени во финансирањето…
Неколку десетици демонстранти се обидоа насилно да…