Објавено на:

МНР се обидува да извлече брачна двојка од Македонија од Газа

t

Од Министерството за надворешни работи информираат дека двете Амбасади на Република Македонија, во Каиро и Тел Авив, се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, со цел евакуација на двајцата наши државјани, брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах.

Парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно. Со посредство на нашите ДКП-а, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат.

МНР е во секојдневна комуникација со нив.

Во меѓувреме МНР работи на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваме на нашите контакти: СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…