Фон дер Лајен бара Косово и Србија да се вратат на дијалогот

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ги повика Косово и Србија да се вратат на дијалогот, наведувајќи дека тоа е единствениот пат кон иднината.
Фон дер Лајен на конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама, во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес, што ќе се одржи утре во Тирана, истакна дека Косово и Србија мора да се вратат на маса за нормализирање на односите.

„Охридскиот договор, кој беше постигнат во февруари и март, е основата, основата за помирување во дијалогот меѓу Косово и Србија предводен од ЕУ. Многу е важно Косово и Србија да се вратат на маса за да ги нормализираат односите. Вистинското место за помирување е дијалогот, бидејќи тоа е вистинскиот пат за иднината во која Косово и Србија ќе бидат дел од Европската унија“, рече Фон дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…