Голем пожар беснее меѓу селата Муматчево и Милино на границата на Општина Велес со Општина Лозово
Голем пожар со зафатена голема површина на сува трева и стрниште од вчера попладне, цела ноќ и се уште утрово беснее во реонот помеѓу селото Мамутчево и селото Милино, кои се на границите меѓу Општината Велес и Општина Лозово. Од утрово со пожарот се зафатени и дрвца – борчиња.
Поради силниот ветер што дува непрекинато тешко е неговото гаснење, од страна на вработени од Пожарната единици од Велес и Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес и пожарникари од Свети Николе и вработени од Шумското стопанство „Шумарство“ од Свети Николе.
– Засега поради силниот ветер во неговото гаснење не можат да се вклучат воздухоплови, информираат за МИА од Центарот за справување со кризи од Велес.
Тие информираат дека засега нема опасност од пожарот да зафати куќи од овие две села во Овчеполието.
Во гаснење на пожарот се вклучени 15 пожарникари со три возила од ТППЕ Велес, пет вработени од Шумското стопанство „Бабуна“Во гаснење на пожарот вклучени е и екипа на Пожарната од Свети Николе и екипа од вработени од Шумското стопанство„Шумарство“ од Свети Николе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…
Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…
Фон дер Лајен најави помош од речиси…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Малолетник се здобил со тешки повреди откако…
Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…
Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
Центарот за управување со кризи информира дека…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…