„Српски терористи ќе го нападнат Куманово, а Македонците нема да сакаат да се борат против Србите“

t

„По нападот на Бањска на северот на Косово, српски терористи ќе го нападнат и Куманово во Македонија“.

Ваков застрашувачки наслов, токму на Денот на народното востание на Македонија – 11 Октомври, е објавен во влијателниот приштински весник „Бота сот“, а во текстот е пренесена изјавата на Сулејман Мехази, универзитетски професор од Тетово, кој предвидува дека „Албанците од Македонија ќе бидат против српските терористи во Куманово, додека Македонците ќе бидат на страна на српските терористи“.

Професорот ова го поврзува со македонската политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, за која вели дека доколку не гласа за уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, тогаш оваа партија ќе докаже дека е против ЕУ, а дека е со Србија и со Русија.

Тој дури оди дотаму со своите анализи што тврди дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски можеби е во тајна коалиција со српскиот претседател Александар Вучиќ со цел дестабилизација на Македонија.

„Ако опозициската партија на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, не гласа за уставните амандмани за внесување на Бугарите во Уставот, тоа значи дека партијата на Мицкоски е против ЕУ, а е со Србија и со Русија. Можеби опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во тајна коалиција со претседателот на Србија Александар Вучиќ за дестабилизација на Македонија преку српските терористи во Куманово, ако се знае дека 80% од Македонците се со јазик, срце и душа со Србија. Откако ќе нападнат српски терористи во Куманово, тогаш нема да се борат Македонците со Србите, туку Албанците. Албанците од Македонија ќе бидат против српските терористи во Куманово, додека Македонците ќе бидат на страна на српските терористи“, изјавил Мехази за косовскиот весник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈО за отворање случај за Алта банка:…

Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на…

Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…

Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…

Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…

Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…

Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…

При редовна проверка на пакет во затворот…