Објавено на:

Претставникот на папата во Ерусалим со ВЕЛИКОДУШНА ПОНУДА – дури и тој се согласува да биде разменет за децата кои ги држи ХАМАС

t

Претставникот на папата Франциско во Светата земја денеска изјави дека е подготвен да биде заменет за израелските деца кои Хамас ги зеде како заложници и ги држи во Газа.

Кардиналот Пјербатиста Пицабала, патријархот на Ерусалим, ги даде своите коментари како одговор на прашање за време на видео-конференција со новинарите во Италија.

„Подготвен сум за размена, се, ако тоа може да доведе до слобода, да се вратат децата дома. Нема проблем. Од моја страна има целосна подготвеност“, изјави Пицабала, пренесува Ројтерс.

Тој нагласи дека првиот чекор треба да биде ослободување на заложниците, „во спротивно нема да има начин да се запре (ескалацијата)“.

Подготвени сме да помогнеме, дури и јас лично“, рече тој.

Сепак, тој додаде дека тој и неговата канцеларија сè уште немаат директен контакт со Хамас, милитантната исламистичка група која го нападна Израел на 7 октомври, убивајќи 1.300 луѓе.

„Не можете да разговарате со Хамас. Многу е тешко“, рече кардиналот.

Околу 200 луѓе се земени како заложници, а се верува дека десет од нив се деца.

Пицабала ги надгледува римокатоличките активности во Израел и палестинските територии, како и во Јордан и Кипар, регион кој е дом на околу 300.000 римокатолици.

Дипломатските напори се интензивирани да се добие помош за Газа додека Израел подготвува копнена инвазија чија цел е да го уништи Хамас.

Властите во Газа соопштија дека досега во израелските напади се убиени најмалку 2.750 луѓе, од кои четвртина се деца, а речиси 10.000 се ранети. Уште 1.000 луѓе се водат како исчезнати и се верува дека се под урнатините.

Пизабала рече дека околу илјада христијани се засолниле во црковни згради во северниот дел на Газа, откако нивните домови биле уништени во израелските напади.

„Тие не знаат каде да одат бидејќи преместувањето е опасно“, додаде тој.

Израел ги повика исцрпените жители на Газа да се евакуираат на југ, што стотици илјади веќе го направија во енклавата со повеќе од 2 милиони луѓе. Хамас, кој управува со Газа, им порача на луѓето да ја игнорираат пораката на Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…

МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…

ЕУ испраќа претставници во Кина за да…

Група претставници на ЕУ во наредните денови…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Уапсен е македонски државјанин во Србија, понудил…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Г.Г. Стефан поради болест ја откажа најавената…

Посетата на Архиепископот Охридски и Македонски беше…