Бензините и дизелот со нови цени од полноќ – ова се новите цени

t

Од полноќ поевтинуваат бензините, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар.

Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 80 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 82 денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,262 ден/кг и ќе изнесува 45,349 ден/кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Eдна работа може да го запали…

По средбата на претставниците од Западен Балкан…

Скопјанец е сместен во здравствена установа откако…

Во СВР Скопје во раните утрински часови…

Министрите за енергетика на ЕУ на состанок…

Министрите за енергетика на земјите членки на…

Хаос во Италија поради одлуката на синџир…

Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…