Македонија повторно го испушта Европскиот воз – се одвојуваме од Албанија, ќе чекаме заедно со Косово и Босна и Херцеговина
Македонија повторно го испушта Европскиот воз, сметаат европските дипломати приустни на Берлинскиот самит кој месецов се одржува во Тирана.
Според информациите на Инфомакс, Македонија најверојатно ќе ја испушти и оваа шанса да започне пристапни преговори со Европската Унија поради блокадата на Бугарија која го условува почетокот на пристапни преговори со измени на Уставот со цел внесување на бугарското малцинство во земјава како уставна категорија.
Според европските дипломати, кои неофицијално коментираа за Инфомакс, ваквото сценарио е најдобра опција за Бугарија бидејќи успева да го стави Македонското прашање надвор од меѓународниот дискурс, а со тоа дополнително да ја ослабне македонската позиција.
Албанија ќе го продолжи својот европски пат, додека Македонија ќе остане во друштво со Косово и Босна и Херцеговина да чека нов поволен момент за почеток на пристапни преговори, кои најверојатно нема да се случат во наредните пет години имајќи во предвид дека Европската десница најверојатно ќе го превземе Бриселското парламентарно мнозинство во наредните четири години.
До овој момент, ниту Мицкоски ниту пак ВМРО-ДПМНЕ не ја демантираа информацијата дека постои договор помеѓу бугарските безбедносни служби контролирани од бугарскиот претседател Румен Радев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го кочат процесот за отворање на пристапните преговори со Европската Унија, за што неофицијално добиле и околу два милиони евра бугарски пари за поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…